top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Херојот на Швајцарија: Ги замрзнавме арогантните Французи, ќе му се јавам на Роберт Де Ниро

Јан Зомер прими три гола во регуларниот дел и се доби впечаток дека не може да направи ништо во сите три ситуации, но потоа се претвори во херој во пенал рулетот бидејќи го одбрани единствениот удар кој не беше реализиран.

Швајцарскиот голман се фрли на извонреден начин и го прочита Килијан Мбапе, а ако на Французинот му припадна титулата „трагичар“, чуварот на мрежата на Менхегладбах се претвори во херој.

Искусниот 32-годишен голман имаше сличен заклучок како оној на Гранит Џака кога е во прашање опуштањето на Французите при резултат 3:1, но нагласи дека ќе му се јави и на Роберт Де Ниро за да снимаат филм во Холивуд за неговата блескава интервенција.

– Да, одбраната беше вистинско лудило и вредна за правење филм. Ќе му се јавам на Роберт Де Ниро и ќе видам дали ќе сака да игра во филмот со мене, – со насмевка порачал Зомер и додал.

– Забележавме дека Французите во една фаза станаа арогантни по водството од 3:1 и сметаа дека победија и ја завршија работата. Ние го искористивме тоа, се вративме во игра и ги заледивме со нашиот кам-бек, – заклучил Зомер.


1 view

Comments


bottom of page