Хероите од серијата „Брејкинг бед“ добија свои статуи
Албакерки, најнаселениот град во американската сојузна држава Ново Мексико, со години привлекува туристи опседнати со серијата „Брејкинг бед“. Очигледно ова место наскоро ќе биде домаќин на повеќе обожаватели на оваа ТВ-драма, бидејќи неодамна во Албакерки беа откриени статуи на главните ликови од серијата, Волтер Вајт и Џеси Пинкмен. Бронзените скулптури се направени од Тревор Гроув, по нарачка на Винс Гилиган, креаторот на серијата, како и нејзиниот приквел „Подобро јавете му се на Сол“. Брајан Кренстон и Арон Пол, главните ѕвезди на серијата, се појавија на откривањето на статуите во Албакерки и дадоа изјава за важноста на популарната серија за нивните кариери.
Јас бев на аудиција за „Брејкинг бед“ и оттогаш мојот живот не беше ист. Благодарам за тоа! Благодарам, Албакерки! Па, тука поминавме практично седум години за време на снимањето. Овој град беше голем дел од мојот живот и сѐ уште е во моето срце – рече Арон Пол, кој го играше Џеси Пинкмен во серијата. Брајан Кренстон, кој го играше Волтер Вајт, ги коментираше статуите со шеговит тон. Возбудени сме, но и малку ни е срам што ги имаме статуите. Тешко е човек психички да се подготви за такво нешто. Во секој случај, мило ми е што се во затворен простор, па гулабите нема да можат да ни какаат на главите – рече Брајан Кренстон. Скулптурите беа откриени неколку дена пред една од последните епизоди на серијата „Подобро јавете му се на Сол“. Како што може да претпоставите, во неа ќе се појават Волтер Вајт и Џеси Пинкмен, вест што секако ќе ги израдува сите обожаватели на двете серии.
Comments