„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ во Кинотека
16.05.2022 Maj Ponedelnik
„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ е темата на годинашната Недела на италијанската кинематографија што ќе се одржува во Кинотеката на Република Северна Македонија од денеска до 23 мај 2022 година.
Настанот го организира Амбасадата на Италија, а ќе биде отворен вечер во 20:00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“ во режија на Габриеле Маинети (2015).
Ревијата ќе продолжи со прикажување серија понови филмови. „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, комедијата „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, „Сета моја луда љубов“ (2019) – возбудливо патување низ Балканот со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија и „Нашиот живот“ (2010) со Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси.
Неделата завршува со два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“ (1962) и „Тежок живот“ (1961).
Comments