Хенри: Не го продаваме Ливерпул, подготвени сме…
Првиот човен на Ливерпул, Џон Хенри испрати јасна порака дека нема намера да го продаде клубот од „Енфилд Роуд“.
Во последно време имаше многу информации дека Фенвеj Спортс Груп (FSG) планира да се ослободи од премиерлигашот и тоа откако пред 13 години го купи истиот за 300 милиони фунти.
-Во последно време се случија бројни промени во сопственоста на клубовите во Премиер лигата и се почесто добиваме прашаза занашите планови. ФСГ неодамна доби неколку писма за намерите на трети страни кои покажуваат интерес да станат сопственици на делот од акциите на клубот. Ние и претходно кажавме дека ќе размислиме за прифаќање на нови инвеститори под соодветни услови доколку тоа е во интерес на клубот. ФСГ исто така, останува целосно посветен на успехот на Ливерпул на теренот и надвор од него -се вели во соопштението на клубот.
Хенри во интервјуто за „Бостон спортс журнал“ сепак најави дека нешто ќе се случи во клубот.
-Знам дека во последно време има многу Пи-ар и наводи за Ливерпул, но да се задржиме на фактите. Дали ќе останеме во Англија засекогаш? Не. Дали го продаваме Ливерпул? Не. Дали разговараме со потенцијални инвеститори? Да. Дали нешто ќе биде од сето тоа? Верувам ќе биде, но тоа нема да биде продажба на клубот. Па, дали продадовме нешто во последните 20 години?, -порача Хенри.
Comentarios