Хенри Голдинг се чувствува како аутсајдер во Холивуд
34-годишниот актер кој се прослави со „Лудо богати Азијци“ (Crazy Rich Asians ), а се појави во филмови меѓу кои „Едноставен фаворит“, „Минатиот Божиќ“, „Џентлмен“, „Змиски очи“ и други, призна дека било прилично тешко да го најде своето место во филмската индустрија. Тој за Inverse.com рече: „Јас сум секогаш аутсајдер. И сега се чувствувам како аутсајдер. Не бев доволно Азиец за ‘Луди богати Азијци’. Не сум доволно бел за ‘Змиски очи’. Луѓето можат да кажат што сакаат и можат да имаат минијатурен поглед на светот. Но, ние сме глобални “. Голдинг рече дека може да се поистовети со кинеско-канадскиот актер Симу Лиу, кој се соочи со противење откако ја доби главната улога во Марвеловиот Shang-Chiu. Тој објасни: „Тоа се глупости. Играме ликови, а не нивното потекло. Глупаво е сè уште да водиме такви разговори кога се бориме за нешто многу поголемо. Навистина е токсично.“ „Треба меѓусебно да се подигаме и да навиваме за успехот на сите. Не само на неколкумина затоа што имале среќа да пораснат на одредено место.“
Comments