Хелен Мирен ќе го води квизот „Хари Потер“
16.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Холивудската ѕвезда Хелен Мирен ќе биде домаќин на квиз-серијата Harry Potter: Hogwarts Tournament of Houses по повод 20-годишнината на филмската сага. Оскаровката изјави дека е пресреќна што ќе биде дел од програмата што ќе ја одбележи годишницата. „Знаев дека некогаш ќе добијам улога во Хари Потер и многу сум задоволна што ќе учествувам во прославата на 20-годишнината на филмот“, рече Мирен. „Филмовите инспирираа таква волшебност и чудо за многумина од нас и ќе биде вистинско уживање повторно да ја оживееме таа магија за безбројните фанови што продолжуваат да уживаат во овој магичен свет“. Квиз-серијата првпат беше најавена во мај како дел од плановите на „Ворнермедија“ да ја одбележи годишнината од „Хари Потер и каменот на мудроста“ придружувајќи се на посебната ретроспектива. Серијата ќе има четири дела.
Comments