Хелен Мирен се шминкала во текот на самоизолацијата за да си ја зголеми самодовербата
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Хелен Мирен откри дека не прекинала со шминкање додека се самоизолирала во екот на пандемијата бидејќи сакала да си ја поттикне својата самодоверба. 75-годишната актерска легенда не дозволила стандардите за убавина да ѝ паднат среде пандемија и тоа не го сторила за својот сопруг, режисерот Тејлор Хакфорд, туку за себе затоа што сакала да се чувствува убаво и гламурозно иако била заглавена дома. Во интервју за „Пипл“ таа откри: „Секој ден ставав шминка. Не го правев тоа за Тејлор затоа што тој тоа никогаш не го забележува. Тој ме прашува дали сум нашминкана или не и не му е важно, но секако не забележува“. „Понекогаш на прилично збунет начин ќе каже: Изгледаш навистина убаво. Фактот дека изгледам убаво го поврзувате со фактот дека еден час поминав на шминкање! Но, јас сакам да се шминкам и да се дотерувам секој ден затоа што уживам во тоа“. „Чувствував дека го живеам својот живот како што треба. Значи, тоа, всушност, беше добро искуство за мене“. Хелен ѝ се врати на филмската екстраваганција на Канскиот фестивал, каде што присуствуваше на проекција на мјузиклот „Анет“. На црвениот тепих се појави во вибрантно жолт фустан, раскошна креација на „Долче и Габана“. Со својата појава и совршен избор на стајлинг, Хелен покажува како треба да биде облечена вистинска дама. Оскаровката секогаш се наоѓа на листата најдобро облечени на многуте холивудски настани на кои се појавува во уникатни креации. Како што самата вели, нејзината тајна е во тоа што никогаш не ги смета своите години за пречка кога треба да избере што ќе облече за која било пригода.
Kommentare