Хелен Мирен го молела Вин Дизел за улога во „Брзи и бесни“
28.02.2022 Februari Ponedelnik
Хелен Мирен во една пригода му рекла на Вин Дизел дека нејзина голема желба е да стане дел од тимот на „Брзи и бесни“. 76-годишната актерска легенда откри дека сака брзо возење и го замолила Дизел (54), кој го портретира Доминик Торето во акциониот блокбастер-серијал, да ѝ помогне да добие улога. Во интервју за „Холивуд репортер“, Мирен рече: „Не го прашав, го молев! Мислам дека бев на некој настан и тој беше таму, се запознав со него. И бев бесрамна: сакам да бидам во некој од твоите филмови, те молам, види дали може да бидам дел од тимот“. „Ќе видам што можам да направам“, ми рече Вин. „И тој го направи тоа за мене. Ми ја најде оваа одлична мала улога, која беше совршена. Едноставно, никогаш порано не сум направила такво нешто – еден од оние големи филмови. А всушност, сакав возење, навистина сакав да возам брз автомобил“. Холивудската ветеранка го имаше своето деби во „Судбината на бесните“ од 2017 година како Квини, мајката на Декард, Овен и Хети Шо, и продолжи да глуми во „Хобс и Шо“ од 2019 година, како и во деветтото продолжение „Ф9“.
Comentarios