Search
Хектор златна во велеслалом, Шифрин остана без пласман
- Aleksandar Santovski
- Feb 7, 2022
- 1 min read
Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во велеслалом на Олимписките игри во Пекинг. Бранителката на златниот медал од Пјонгчанг, Микаела Шифрин, остана без пласман откако не ја заврши првата трка. Швеѓанката Персон, доминираше во првата трка, која ја заврши на првото место, во втората го забележа осмото најбрзо време и со вкупен резултат 1:55.69 го освои златниот медал. Персон за 28 стотинки ја победи Италијанката Федерика Брињоне која го освои сребрениот медал. Актуелната светска првенка во оваа дисциплина, Лара Гут Бехрами на крајот го освои бронзениот медал.
Comments