Search
Хаџар не е подготвен за камбек, Ред Бул ќе го повтори резервното сценарио и во Монца
03.09.2026 Septemvri Cetvrtok
Формула 1 шампионатот продолжува со трката за ГН на Италија, а Исак Хаџар ќе мора да ги пропушти возбудувањата на легендарната Монца.
Ред Бул ќе мора да го повтори резервното сценарио кое го користеше и на претходната трка откако стана јасно дека повредата на зглобот на Французинот се уште не е санирана.
Исто како и во Холандија, местото на Хаџар ќе го заземе Лиам Лоусон, додека за вториот тим на Ред Бул ќе настапува тест возачот Јуки Цунода.
Според информациите на медиумите, Хаџар го скршил зглобот тренирајќи бокс за време на летната пауза во Ф1 шампионатот.
Ред Бул се надева на добра трка во Монца, а во моментов е на четвртото место во поредокот на конструкторите.







Comments