top of page

Хајлајт од епскиот меч: Алкарас со нереален потег го режираше поенот на турнирот


Карлос Акларас и Јаник Синер одиграа епски меч на Флешинг Медоус и ги одржаа тениските фанови будни до раните утрински часови, бидејќи нивната пресметка траеше 5 часа и 15 минути.

Двајцата најдобри млади тенисери во светот го одиграа вториот најдолг меч во историјата на Ју-Ес Опен и се погрижија за вистински спектакл, во кој гледавме голема драма, неверојатни потези и нестварни поени.

Сепак, еден нереален поен на Алкарас посебно се издвои од сите останати, бидејќи 19-годишниот Шпанец најпрво импровизираше со удар во лет, за потоа да ја крене публиката на нозе.

Карлос спасуваше една меч топка во четвртиот сет при сервис на Синер на резултат 5:4, за на крајот да испадне поуспешен во пресметката со Италијанецот кој веќе прераснува во негов огромен ривал.

Алкарас ги загуби последните две пресметки со Синер, но сега му се реваншираше, особено за поразот кој го претрпе на Вимблдон. Алкарас ќе игра прво грен слем полуфинале во кариерата, во кое противник ќе му биде Тиафо.



 
 
 

Comentários


bottom of page