Search
Хајди Клум на премиера на „Аватар 2“ во Лос Анџелес
Хајди Клум присуствуваше на премиерата на „Аватар: Патот на водата“ во друштво на 17 години помладиот сопруг Том Каулиц. Една од најуспешните жени во Холивуд, познатата манекенка и ТВ-водителка Хајди остави многу малку простор за имагинација на свечениот настан во понеделникот во Лос Анџелес, каде грандиозно се појави на црвениот тепих. Вечно младата Хајди, како што ја нарекуваат таблоидите, на себе има сребрен фустан од проѕирна, тенка ткаенина, со шлиц до бутовите. 49-годишната убавица, мајка на четири деца, неодамна откри дека секое утро пие свежо смути во кое додава специјални витамини за поубава кожа, коса и нокти. Таа никогаш не заборава да вежба.
Comments