Search
Харисон Форд ќе глуми терапевт во серија на „Епл ТВ плус“
- Aleksandar Santovski
- Apr 5, 2022
- 1 min read
Холивудската ѕвезда Харисон Форд го стави својот потпис за главна улога во првата голема телевизиска серија на „Епл ТВ плус“ под наслов Shrinking. Ѕвездата од „Војна на ѕвездите“ ќе глуми заедно со Џејсон Сигел во претстојната серија комедија од 10 епизоди. Сигел е и коавтор и извршен продуцент на проектот заедно со Бил Лоренс и Брет Голдстајн. 79-годишниот актер го игра д-р Фил Родс, паметен, жестоко самоуверен терапевт, за кој се смета дека е „психијатар со сина вратоврска“ и легенда во терапевтскиот пристап наречен когнитивно бихевиорална терапија (КБТ). Сепак, откако развива успешна пракса со неговите двајца ментори, на Фил му е дијагностицирана Паркинсонова болест, состојба која предизвикува тремор и ја забавува неговата работа.

Comments