Search
Харисон Форд повторно како Индијана Џонс во петтото продолжение
11.12.2020 Декември Петок
Холивудската ѕвезда Харисон Форд треба да ја повтори својата улога на познатиот авантурист археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“. Филмот, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер како Инди. „Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите, каде што ги откри плановите и за филмските фрашизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“. Новиот филм треба да излезе во јули 2022 година. Филмскиот продуцент Френк Маршал неодамна изјави дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога. „Работиме на сценариото“, рече тој и додаде: „Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд“.
Comments