Харисон Форд: Не знам како заработуваат легендите, јас сум активен актер
Харисон Форд не се смета себеси за легенда.
80-годишната ѕвезда маестрално ги портретира некои од најпознатите кинематографски ликови во текот на својата шестдецениска кариера, вклучувајќи ги Индијана Џонс, Хан Соло од „Војна на ѕвездите“ и Џек Рајан, но тој не мисли дека тоа што го направил е нешто посебно, а себеси се гледа само како работен, односно активен актер.
Во интервју за магазинот „Ентертејнмент викли“ во врска со ознаката „легенда“, Форд рече: „Јас сам не ги поврзувам работите. Мислам, не знам што прави легендата за живот, како заработува. Знам дека себеси се сметам за работен актер и ќе се помирам со тоа“.
Форд смета дека признанието „легенда“ звучи малку старо, иако е свесен дека тоа е само комплимент.
„Претпоставувам дека легенда значи оти постоите долго време. И можеби е љубезно, но едноставно… звучи старо“.
Харисон никогаш не можеше да издвои ниту еден од своите ликови како најомилен со текот на годините.
„Јас сум тип на човек што се придржува до мотото: сакај го оној со кој си – немам фаворити“.
Comments