top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Харисон Форд ги загрижи обожавателите: „Ми се крши срцето што го гледам толку слаб“


25.09.2024 Septemvri Sreda

Харисон Форд се појави на D23 Expo на „Дизни“ во август, каде што му беше врачена наградата на легендите на „Дизни“ за неговите иконски улоги како Хан Соло во Star Wars и Индијана Џонс.

82-годишниот актер во рамките на церемонијата остави отпечатоци од раката во цементот, но пред тоа требаше да се потпише, а многумина забележаа дека ја држел десната рака со левата за да се потпише.

Сцената ги растажи фановите, кои напишаа дека актерот не изгледа добро.

„Му честитам, но ми се кине срцето што го гледам толку слаб“, „Дали некој друг е загрижен како мене дека може да стиска повеќе со едната рака од другата?“ и „Тешко ми е да гледам како мојот омилен актер старее“, се дел од коментарите на фановите.

Да потсетиме, Форд, кој моментно глуми во серијата „1923“ со колешката Хелен Мирен, на почетокот на годината доби награда за животно дело на Critics Choice Awards, а кога ѝ се заблагодари на сопругата Калиста Флокхарт, со која е 20 години во брак, во својот говор го преплавија емоции и очите му се наполнија со солзи.


0 views

Comments


bottom of page