Хари и Меган тивко ја прославија годишнината од венчавката среде гласини дека Хари престојува во хот
Хари и Меган тивко ја прославија годишнината од венчавката среде гласини дека Хари престојува во хотел Кралската двојка во петокот тивко прослави пет години брак без да објави никакви фотографии на социјалните мрежи. Принцот Хари негираше дека има луксузна хотелска соба во која наводно престојува сам, во близина на својата куќа во Калифорнија. Војводата од Сасекс (38) – кој има четиригодишен син Арчи и 23-месечна ќерка Лилибет со сопругата Меган, војвотката од Сасекс (41) – исто така наводно има уште едно ексклузивно скривалиште во Лос Анџелес каде што вежба, работи и понекогаш преноќува. Но, „Пејџ сикс“ пишува дека негов претставник изјавил за порталот: „Ова не е точно“. За Хари се вели дека има приватна соба во хотел во близина на заедничкиот дом со Меган во Монтесито, и бунгалов во Сан Висенте, приватен клуб за членови со строги правила за заштита на приватноста на гостите. Клубот во Западен Холивуд им забранува на посетителите да се фотографираат внатре во местото, а налепници се ставаат преку камерите на нивните телефони кога ќе пристигнат. Исто така, на гостите им е посочено да не разговараат за ништо што членовите или нивните гости ќе видат за време на својата посета и, забрането им е да им се приближуваат на другите членови во клубската зграда. Цената за годишен наем е 3.200 фунти. Апликантите мора да ги провери комисија пред да им биде одобрен прием во клубот. Хари и Меган во петокот тивко ја прославија годишнината од бракот без да споделат никакви фотографии. Двајцата се најдоа на насловните страници откако нивниот претставник изјави дека ги бркал автомобил со папараци кога биле во Њујорк на 16 мај. Медиумите пренесоа дека имало немилосрдна потера по кралската двојка и дека за малку бил избегнат судир со други возила и повредување на пешаци. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс е меѓу поддржувачите на двојката и рече: „Јасно е дека папараците сакаат да ја добијат вистинската снимка, тие сакаат да ја добијат вистинската приказна, но јавната безбедност секогаш мора да биде во прв ред.“ Градоначалникот додаде дека можело да бидат повредени двајца службеници на њујоршката полиција.
Comments