top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Харден ја доби највисоката парична казна од НБА лигата

Џејмс Харден прави се што е во негова моќ да ја напушти Филаделфија и да направи трејд во друга франшиза, но откако не му успеа последната намера, се јави со доста жестока изјава во јавнсота.

„Брадата“ распали по спортскиот директор на „сиксерси“, Дарил Мореј и го нарече голем лажго поради неговите активности како главен оперативец, но оваа негова изјава сега ќе го удри по џеб.

Харден ќе ја заработи најголемата парична казна која ја доделува НБА лигата за најголемите ѕвезди во американската кошарка, а истата изнесува 100 илјади долари.

Познатиот новинар Адријан Војнаровски ја потврди оваа вест и нагласи дека казната директно ја изрекува НБА лигата, а не Филаделфија која и покрај се, сака да го задржи Харден во своите редови.

Харден беше одличен во вториот дел од сезоната и беше лидер на „сиксерси“ во плејофот, па затоа челниците на оваа франшиза не сакаат да се откажат лесно од него.


2 views

Comments


bottom of page