Харден го нападна претседателот на Филаделфија: Тој е лажго и нема да соработувам со него
- Aleksandar Santovski
- Aug 15, 2023
- 1 min read
Џејмс Харден најави дека не планира да настапува за Филаделфија, барем се додека во раководството на клубот е актуелниот претседател Дерил Мори. НБА ѕвездата очекуваше да биде трејдуван во редовите на Лос Анџелес Клиперс, но преговорите со Филаделфија пропаднаа, веројатно поради претераните барања на актуелниот клуб на Харден. – Мори е лажго и никогаш веќе нема да бидам дел од иста организација со него. – Да повторам, Мори е лажго и никогаш веќе нема да бидам дел од иста организација со него, – изјавил Харден. Филаделфија го информирала Харден дека треба да се појави на почетокот на подготовките, односно во тренинг кампот, што предизвикало фрустрации кај незадоволната ѕвезда, која очигледно не гледа иднина во овој клуб. Харден промени три тима последните неколку години и најчесто причина за тоа беше добрата соработка со Мори, но сега е разочаран од предводникот на Филаделфија, веројатно не само поради неуспешниот трејд, туку и поради износот на понудениот нов договор.

Comments