Харден го измести играчот на Мајами, коментаторот полуде: И тој има семејство, немој да му го правиш
Харден го измести играчот на Мајами, коментаторот полуде: И тој има семејство, немој да му го правиш оваУтринската програма во НБА лигата беше доста скромна и се одиграа четири натпревари, од кои најизедначен беше оној кој се одигра во Филаделфија.
Истоимениот тим важеше за фаворит во дуелот со Мајами, но на крајот „жешките“ беа тие кои остварија победа и кои ја прекинаа лошата низа од четири порази едно по друго.
Натпреварот беше навистина тесен и заврши со резултат 99:101, па иако во самиот финиш трагичар беше Џејмс Харден кој не погоди тројка за победа на Филаделфија, тој беше креаторот и на највозбудливиот момент.
„Брадата“ буквално го измести Оладипо пред крајот на третата четвртина и си поигра со него пред да поентира, по што во транс падна и коментаторот на мечот.
– И тој има семејство, немој да му го правиш ова…., – порача коментаторот за потегот на Харден.
Инаку, „брадата“ го заврши мечот со 20 поени зад своето име, Ембид беше најефикасен со 27, но тоа не беше доволно за победа против Мајами, тим во кој најмногу се истакна Батлер со 23 поени.
Comments