Харгрејвс го истакна „главниот“ играч и најголемата разлика на Јунајтед под водство на Тен Хаг
Манчестер Јунајтед почна да бележи солидни резултати под водство на новиот менаџер Ерик тен Хаг, а Овен Харгрејвс ги истакнал најдобрите поединци и развојот на екипата под водство на Холанѓанецот.
Во последното премиерлигашко коло, Јунајтед го победи Вест Хем со 1:0, што беше петти пат како овој клуб стигнува до победа со еден гол разлика сезонава.
– Тен Хаг му овозможи на Јунајтед да победува на натпревари на кои немаше да победи претходната сезона.
– Екипата напредуваше многу во дефанзивната фаза, а Лисандро Мартинез се претвори во најважен играч во овој дел.
– Знаеме што прави Де Хеа – испорачува чудесни одбрани во клучни моменти, мислам дека постојано е најдобар играч на Јунајтед последните неколку сезони, – изјавил Харгрејвс кој настапуваше за „црвените ѓаволи“ меѓу 2007 и 2011 година.
Comments