Хамилтон: Ферстапен го направи тоа што би го направил секој возач
Луис Хамилтон е подготвен да се бори за осма светска титула во 2022 година по контроверзниот финиш на сезоната лани, во која ја загуби титулата во последниот круг од последната трка од Макс Ферстапен во контроверзна трка која го чинеше директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси, неговата работа и предизвика промени во системот на управување на трките. Постоеја стравувања дека Хамилтон ќе се повлече доколку нема промени во ФИА, но Британецот беше на промоцијата на новиот болид на Мерцедес, каде што изјави дека не е виновен неговиот ривал, Ферстапен, кој заслужено стана шампион. „Работите немаа врска со Макс. Макс го направи тоа што би го направил секој возач доколку добие таква шанса. А тој е голем натпреварувач. Ќе се впуштиме во нова битка во новата сезона, секако со искуство од претходната година. Но, јас немам проблеми со него“, изјави Хамилтон.
Comments