top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хамилтон претера со брзината во боксот и го „разнесе“ својот механичар (Видео)

24.09.2021 Septemvri Petok

Луис Хамилтон може да вози далеку порелаксирано на денешните тренинзи и на утрешните квалификации во Сочи, но тоа очигледно донесе и опуштање кај седумкратниот светски првак, кој направи невообичаен кикс за негови стандарди.

Хамилтон има добра шанса да ја нападне победата и да го преземе водството во генералниот пласман откако стана познати дека Ферстапен ќе стартува од последниот ред в недела, сето тоа како последица на промената на погонската едининица во неговиот Ред Бул.

Луис засега има послаби времиња од својот тимски колега Ботас на кого му лежи патеката во Русија, но од денешните тренинзи, за издвојување е и еден инцидент кој го предизвика Британецот.

Хамилтон претера со брзината при влегувањето во боксот, а откако на сето тоа се надоврза и задоцнетото сопирање, епилогот беше неповолен за вработениот во Мерцедес.

Светскиот првак го разнесе својот механичар во боксот и експресно му се извини, но најдобра вест е што тој мина без никаква посериозна повреда.





1 view

Comments


bottom of page