Хамилтон отвори војна против Леклер и испрати јасна порака до Ферари: Никој нема да ме замолкне
06.11.2026 Noemvri Petok
Луис Хамилтон покажа голема класа со начинот на кој му оддаде признание на новиот шампион Кими Антонели на трката за Големата награда во Мексико, но истовремено го искажа и својот бес преку тимското радио, но и по крајот на трката кога даваше интервјуа за медиумите.
Седумкратниот светски шампион распали по тимскиот колега Шарл Леклер и го осуди за невнимателно возење уште во првиот круг и заклучи дека возачот од Монако ја компромитирал трката на целиот тим, а неколку дена подоцна, уште погласно распали по Леклер и јасно стави до знаење дека нивниот однос е нарушен.
Ф1 караванот веќе е во Бразил каде викендов ќе се вози трката на Интерлагос, а брзо по пристигнувањето во Сао Пауло, Хамилтон јасно стави до знаење што мисли за последните потези на Леклер.
– Го гледам тоа што го гледате и вие. На Леклер не му е првпат да прави вакви работи, го правеше тоа и со Фетел и со Саинц. Секогаш сум покажувал почит и благодарност кон луѓето во фабриката, а јас знам кои се моите одговорности.
– Шарл е овде долго време, долги години. Има победено на девет трки и е длабоко интегриран во тимот. Секогаш знаев дека тоа ќе биде предизвик, но влегов во ова со голем респект. Напорно работев за да изградам добар однос со Шарл и да ги надминам разликите, секогаш се трудев да бидам полн со почит. Не е лесно да ме имате во тимот, бидејќи често го изнесувам своето мислење и инсистирам на многу промени. Инсистирам, ќе продолжам да барам уште промени сè додека сум овде, – изјави Хамилтон одлучно.
– Овде сум за да победувам, а за да се постигне тоа, целиот тим мора да влече во иста насока. Овој тим е способен да се бори за светската титула во 2027 година. Има моменти кога човек ќе каже нешто, па можеби подоцна ќе зажали, но јас не. Никогаш нема да се извинувам за тоа што сум автентичен и искрен. Никогаш нема да дозволам да ме замолчат. Никој не побарал од мене да престанам да зборувам, и едноставно, тоа ќе продолжи така и во иднина, – нагласи Хамилтон.







Comments