Search
Хамилтон го возврати ударот на вториот слободен тренинг во Абу Даби
Актуелниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон бил најбрз на вториот слободен тренинг во пресрет на неделата трка во Абу Даби.
Хамилтон влегува со еднаков број поени со Макс Ферстапен и нивниот дуел ќе го решава новиот Ф1 првак, а денеска двајцата имаа доминација на еден од тренинзите.
Ферстапен беше најбрз на првиот, додека Хамилтон го возврати ударот на вториот тренинг, што е добра најава за нивната битка во квалификациите, но и на трката.
На вториот тренинг, Хамилтон побрз од Естебан Окон и клупскиот колега Валтери Ботас, кој го завршил на третото место.
Во Топ 10 на вториот тренинг биле Ферстапен, Перес, Алонсо, Цунода, Леклер, Саинц и Гасли.
Утрешните квалификации и неделната трка ќе се возат од 14 часот.
Commentaires