top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хамилтон бара од Мерцедес да си ја признае грешката: Не ме послушаа….


Џорџ Расел покажа бело знаме уште по првата трка во Бахреин и нагласи дека никој нема да може да му парира на Ред Бул оваа сезона, но тој не е единствениот незадоволен во таборот на Мерцедес. Седумкратниот шампион Луис Хамилтон своите најдобри денови во кариерата ги доживеа токму со овој тим, но сега вели дека водечките луѓе за развој на болидот не сакале да го слушаат на крајот од минатата сезона и затоа перформансите се идентично лоши како и тогаш. Мерцедес во овој момент е зад Ред Бул, Астон Мартин и Ферари, па затоа Хамилтон вели дека ќе мора да работат за напредок и во текот на сезоната. – Минатата година имаше работи кои не беа добри и кои им ги нагласив. Им ги посочив проблемите на болидот. Имам возено толку многу болиди во животот и знам што му е потребен на еден болид, а што не. – Сакам да кажат „не те послушавме, немаме добар болид и мораме да работиме“. И покрај тоа, ние сме повеќекратни шампиони, точно е дека погрешивме минатата и оваа година, но мораме да одиме напред и да пробаме да ги решиме проблемите, – вели Хамилтон.


3 views

Comments


bottom of page