top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хамес има „тајна клаузула“ во договорот: Еден клуб може да го добие бесплатно!

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Хамес Родригез стави крај на неколкумесечниот кошмар во Ливерпул по доаѓањето на Рафаел Бенитез, бидејќи актуелниот менаџер на Евертон експресно му порача на Колумбиецот дека не смета на него, без оглед на тоа што минатата година беше доведен како голема ѕвезда во тимот на Карло Анчелоти.

Заминувањето на Дон Карло во Реал Мадрид значеше крај за кариерата на Родригрез на „Гудисон парк“, но офанзивниот фудбалер успеа да реализира трансфер по затворањето на летниот преоден рок, и тоа откако го раскина договорот со „карамелите“.

Иако за него се интересираа неколку италијански клубови, Милан и Наполи не сакаа да му ги исполнат финансиските барања, па во таква ситуација, Хамес беше принуден да ја прифати понудата на богатиот Ал Рајан.

Катарскиот клуб вчера официјално го потврди трансферот на Колумбиецот и го најави како огромно засилување, но угледниот шпански „АС“ открива дека во целата операција се крие и една интересна клаузула.

Реномираниот медиум тврди дека во договорот на Хамес има вклучено „тајна клаузула“, која ќе му овозможи бесплатен премин во ПСЖ доколку клубот од Париз во некој момент одлучи дека Родригез е добра опција за нивниот проект.

Само за потсетување, газди на ПСЖ се најбогатите шеици од Катар, па се верува дека и тие имале свој удел во реализирањето на зделката меѓу Ал Рајан и Хамес.


2 views

Comments


bottom of page