Хали Бери го одбележа Националниот ден на розе вино
- Aleksandar Santovski
- Jun 15, 2022
- 1 min read
Хали Бери се огласи на Инстаграм во саботата за да сподели нова објава за своите 7,9 милиони следачи по повод Националниот ден на розе виното. На фотографијата, 55-годишната холивудска ѕвезда чекори покрај брегот во црн костим за капење и проѕирна црна наметка со долги ракави. Во описот на објавата, таа напиша „вино од облаци“ и го додаде хаштагот „#nationalroseday“. Националниот ден на розово вино во САД се одбележува секоја година во втората сабота од јуни и се слави со многу радост. Овие вина се произведуваат претежно од црвено грозје и се исклучително разновидни. Розовото вино е посветло од црвеното и потемно од белото вино. Бојата на ова вино варира, почнувајќи од бледи, едвај забележливи нијанси до интензивна темна боја, блиску до светлоцрвената боја.




Comments