top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Халанд открил како ќе го прослави престижниот голгетерски рекорд

Ерлинг Халанд стигна до бројката од 35 голови во Премиер лигата и го собори голгетерскиот рекорд во англиското првенство, а по натпреварот им открил на медиумите како ќе го прослави ова ново достигнување во кариерата.

Норвежанецот истакнал дека засега не сака да размислува за следниот потенцијален рекорд (63 гола во сезона на Дикси Дин), за кој му се потребни уште 12 погодоци сезонава.

– Не мислам на такво нешто сега, ако размислувам за тие работи може да полудам.

– Сега ќе одам дома, ќе играм некои видео игри, ќе јадам и ќе легнам да спијам. Од утре почнуваме да размислуваме за Лидс и како да победиме, тоа е мојот живот.

– Не можам да ви кажам кои игри ги играм, малку е засрамувачки, – рекол Халанд.


0 views

Comments


bottom of page