top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФХ3Х и во третата сезона на серијата „Star Trek Discovery“ која може да се погледне на Netflix

21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х ја заврши работата на третата сезона од серијата Star Trek Discovery, во која беше ангажирана од четвртата до 13-та епизода.

Третата сезона на оваа популарна американска серија го следи екипажот на USS Discovery во авантури во иднината, скоро еден милениум по настаните во оригиналната серија. Оваа сезона е во продукција на CBS Television Studios и започна со премиерно прикажување на CBS на 15 октомври 2020, а ќе се прикажува нова епизода секоја недела до 7 јануари 2021 година.

Во октомври годинава беше најавена и четврта сезона. Овој проект ФХ3Х веќе три сезони го потпишува како одговорна за визуелните ефекти, а годинава на одјавната шпица, покрај ФХ3Х и Канадскиот филмски фонд за поддршка, се појавува и Агенцијата за филм на Македонија, за продукциската поддршка. Ова е прв пат Агенцијата за филм да се потпише на проект од највисоката А продукција и самото појавување ќе привлече, според ФХ3Х, многу внимание во холивудските продукциски компании.

„Оваа сезона на ‘Star Trek Discovery’ е прва серија која речиси целосно се прави со визуелни ефекти, а чија пост-продукција се работеше во услови на светска пандемија. При тоа, уште од самиот почеток во ФХ3Х, благодарејќи на нашиот ИТ тим, успешно беше аплициран системот за даличинско работење кој ги задоволува високите стандарди барани од холивудските продукции. Со ова нашите вработени можеа да работат од дома без да се изложуваат на дополнителни ризици“, наведуваат од компанијата.

Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-основач на ФХ3Х, пак, посочи дека вообичаено визуелните ефекти за една епизода се изработуваат за 10 месеци, но заради пандемијата работата траела подолго, особено што заради прекинот на снимањата некои кадри биле комплетно изработувани компјутерски, за да се исполнат барањата на продукцијата. Netflix ги има правата за емитување на серијата во 188 земји и фановите веќе имаа можност да ги погледнат првите десет епизоди.



0 views

Comentários


bottom of page