top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФФМ испрати важни препораки до сите навивачи кои вечерва ќе присуствуваат на „Тодор Проески“

Македонија утре го игра последниот меч во квалификациите за Европското првенство и тоа против најдобрата селекција во нашата група Англија која ќе ја пречекаме на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Мечот се игра во вечерниот термин од 20:45 часот, а во пресрет на истиот ФФМ упати апел до навивачите порано да дојдат на стадион, односно дека вратите ќе бидат затворени половина час пред натпреварот.

Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Се препорачува сите фанови да ги следат овие упатства:

НАВРЕМЕНО ДОАЃАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА „ТОДОР ПРОЕСКИ“

Ги повикуваме навивачите да дојдат на натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ пеш или со јавен превоз. Сообраќајот и паркирањето ќе бидат забранети на паркинг местата во потесната зона на Националната арена „Тодор Проески“ поради ограничениот број паркинг места, освен за акредитирани возила.

Ги замолуваме сите навивачи да ги следат упатствата на Министерството за внатрешни работи во однос на забраните и пренасочувањето на сообраќајот.

Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот.

ФЕР, КОРЕКТНА И СПОРТСКА ПОДДРШКА

Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот.

Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина.

Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот.


3 views

Comentarios


bottom of page