top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФФМ излезе со официјално соопштение за албанскиот репрезентативец кој испрати навреди кон Македонците на ЕП (Видео)

20.06.2024 Juni Cetvrtok

Натпреварот меѓу Албанија и Хрватска понуди спектакуларна завршница на зелениот терен, но за жал донесе и невкусни политички и националистички пораки кои повторно дадоа посебно значење на нефудбалски работи.

Албанските и хрватските навивачи во еден глас пеееја „Убиј Србина“ и ФСС како највисоко фудбалско тело побара драконски казни од страна на УЕФА, но ова не беше единствениот скандалозен момент од оваа средба.

По крајот на натпреварот, албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку го земал мегафонот во раце и пеел навредливи песни против Македонците (е.и ги Македонците), а после видеата кои се појавија во јавноста, со официјална реакција се јавија и од ФФМ.

– Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.

– Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата. Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

– Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место, – гласи објавата на ФФМ.



0 views

Comments


bottom of page