top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФФМ за ремито на Македонија на распродаден стадион: Вечер со која сите можеме да се гордееме! Видео

Македонската фудбалска репрезентација вчера одигра нерешено со актуелниот европски вицешампион Англија и селекција која издоминира во квалификациската група и заслужено обезбеди пласман на ЕП кое ќе се одржи следната година.

За македонските фанови ова беше уште едно убаво искуство, избраниците на селекторот Благоја Милевски останаа непоразени во дуелот со уште еден фаворит, а Фудбалската федерација на Македонија се погрижи за одлична организација и избегнување било каков инцидент пред, за време и по натпреварот.

Денеска, ФФМ излезе со соопштение во кое потврди дека биле продадени сите билети за дуелот Македонија-Англија, заблагодарувајќи им се на фановите за коректното однесување и спортско навивање на средбата одиграна вчера во Скопје.

– Почитувани навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација, Ви благодариме за поддршката.

Благодарност до нашите навивачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во организацијата на натпреварот Македонија – Англија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи. Беше во право, тоа беше вечер со која сите можеме да се гордееме!

Горди сме што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите.

Исклучително сме среќни што прекрасната фудбалска вечер помина без ниту еден сериозен инцидент. Ние тврдевме дека Македонија може да биде земја без расизам, национализам, дискриминација, вербално и физичко насилство на стадионот, а тоа го потврдивте со вашето однесување на Националната арена „Тодор Проески“.

Ви благодараме!

Колку им значат полните трибини, нашите репрезентативци покажаа со одличен настап и важен резултат, а во своите изјави ја истакнаа важноста на навивачите.

Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи и на сите институции за сработеното пред, за време и по натпреварот. ФФМ доби максимална поддршка натпреварот да помине без безбедносни проблеми. Благодариме на секој поединец што придонесе да биде таков.

До следниот натпревар. Напред Македонија.















1 view

Comments


bottom of page