ФФМ ги отвори вратите: Слободен влез на мечот Македонија – Летонија Фудбал Тодор Проески Арена Скопје Македонија 13.11.2025 Ноември Четврток 18 часот
- Aleksandar Santovski
- Nov 13
- 1 min read
13.11.2025 Noemvri Cetvrtok
Македонската репрезентација ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година, кога на Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи.„Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година.Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер.Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за квалификацискиот меч против Велс во Кардиф.“, велат од ФФМ.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија ќе се одигра во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот






Comments