Search
Футсал: Македонија се избори за реми со Италија
- Aleksandar Santovski
- Oct 12, 2022
- 1 min read
Футсал репрезентацијата на Македонија се избори за реми против Италија (3-3) во дуелот од квалификации за пласман на Светскотото првенство 2024 година.
Италијанците важеа за апсолутни фаворити на овој дуел, ама избраниците на Васко Скендеровски покажаа големо срце, карактер и дојдоа до бод со погодок на три секунди до крајот кој беше дело на Крстевски.
Петровиќ и Рамадани беа стрелци на останатите голови за нашиот тим, додека за „аѕурите“ стрелаа Мота (2) и Ло Чичеро.
Само да потсетиме Македонија во првиот меч загуби од Шведска со 5-2.

コメント