top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фустанот на Ејми Вајнхаус од белградскиот концерт продаден за 243.000 долари

Фустанот што пејачката Ејми Вајнхаус го носеше на последниот концерт, кој се одржа во Белград, во јуни 2011 година, еден месец пред нејзината смрт во 27-та година, на неодамнешна аукција во Лос Анџелес е продаден за 243.000 долари. На продажба беа и други лични предмети на Ејми.

Во текот на аукцијата се собрани 4 милиони долари за околу 800 предмети. Целиот приход од аукцијата е наменет за фондацијата што ја основаа нејзините родители за да им помогнат на младите луѓе што имаат проблеми со зависности.

Ејми Вајнхаус беше една од најголемите ѕвезди на својата генерација, позната по длабокиот глас и големиот број хитови што самата ги напиша, како: „Rehab“, „Back To Black“ и „Love Is A Losing Game“. Почина од труење со алкохол во нејзиниот дом во Камден, северен Лондон, во јули 2011 година.

Пред да заминат кај сопствениците, некои од продадените предмети ќе бидат прикажани на изложбата „Ејми: зад сцената“, која ќе се одржи во Музејот за дизајн во Лондон, на 26 ноември.


3 views

Comments


bottom of page