top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фустани на Ејми Вајнхаус ќе се продаваат на аукција

Речиси 800 лични предмети и облека на починатата британска пејачка Ејми Вајнхаус, вклучувајќи го и краткиот фустан што го носеше на последниот концерт, ќе се најдат на аукција. Се очекува зелено-црниот фустан и чантата на „Москино“ во форма на срце, со која добитничката на „Греми“ честопати се фотографира, да достигнат цена од 15.000 до 20.000 долари. Родителите на Вајнхаус одлучија дека е вистинско време да се откажат од нејзините лични и професионални предмети, изјави Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа Julien’s Auctions. Пејачката почина од труење со алкохол на 27-годишна возраст во јули 2011 година. „Ова е катарзично искуство, но и многу емотивна одлука за родителите да се откажат од работи што ѝ припаѓале на нивната ќерка. Семејството сака сите нејзини фанови да добијат шанса да купат нешто“, рече Нолан, кој работеше две години за да ја организира продажбата. Повеќето фустани на Вајнхаус се од 2.000 до 4.000 долари. На понуда се и ремени, парфеми, чевли, балетанки, гитари и сет тапани, а цените се движат од 50 до 100 долари.


1 view

Comments


bottom of page