Фуриозно издание на стартот во Австрија: Ивановски со еден загубен гејм до осминафиналето
Калин Ивановски не можеше да замисли поперфектен старт на турнирот во австрискиот град Крамсах, откако во воведното коло му одржа тениска лекција на домашниот тенисер.
Најдобриот македонски рекет му допушти само еден гејм на Петер Голдштајнер и го декласираше со убедливи 6:1 и 6:0, што доволно говори колку едностран беше денечниот меч во Крамсах.
Ивановски е поставен како втор носител на турнирот и според проценките треба да стигне до големото финале, за кое како прв фаворит е поставен Крафорд.
Победата од 6:1 и 6:0 сигурно ќе му донесе дополнителна самодоверба на македонскиот тенисер, кој веќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри во Австрија.
Втора пречка одново ќе му биде австриски тенисер, а се работи за Сил Гаџери кој денеска исто така славеше со 2:0.
Comments