top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фуриозниот Циципас со спектакуларна игра до трето полуфинале во Австралија

Стефанос Циципас се измачи во пет сета против Тејлор Фриц во осминафиналето на Австралија Опен, но затоа денеска немаше никакви проблеми и фуриозно се пласираше меѓу четирите најдобри.

Јаник Синер беше најнеискусниот тенисер останат во ждребот на првиот грен слем турнир во годината, па на Италијанецот брзо му стана јасно дека денеска нема што да бара на теренот против расположениот Грк кој погодуваше винери со сите оружја.

Циципас славеше брзо и експресно со 6:3, 6:4 и 6:2, а тоа што се задржа на теренот помалку од два часа е добра вест за наредниот меч на кој ќе има далеку посериозен тест.

Гркот по трет пат во својата кариера ќе игра полуфинале на Австралија Опен, бидејќи претходно тоа го направи минатата година кога загуби од Медведев, но и во 2019-та кога беше декласиран од Рафаел Надал.

Во третото полуфинале во Мелбурн, противник ќе му биде подобриот од последното четвртфинале во кое силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Оже Алијасим.


1 view

Comentarios


bottom of page