Фулам му го блокираше трансферот, Митровиќ не планира веќе да го носи дресот на премиерлигашот
- Aleksandar Santovski
- Jul 20, 2023
- 1 min read
Александар Митровиќ инсистирал да му стане соиграч на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал, но на крајот не доби дозвола за посакуваниот трансфер од Фулам.
Премиерлигашот одлучил дека не сака да се раздели со српскиот репрезентативец и индиректно го остави без можност да направи трансфер, што сериозно го налутило Митровиќ кој најавил контра мерки.
„Скај Спортс“ пренесува дека Фулам побарал 52 милиони фунти за Митровиќ, цена која е превисока и за клубот од Саудиска Арабија, по што напаѓачот им соопштил на најблиските дека веќе не планира да го облече дресот на Фулам.
Неговиот агент Пини Захави некако го убедил да отпатува со Фулам на американската турнеја, но менаџерот Марко Силва е свесен дека незадоволството кај Митровиќ ќе биде сериозен проблем за неговата екипа.
Реалната цена на Митровиќ е нешто над 35 милиони фунти, а останува да се види дали притисокот на Србинот ќе резултира со промена на ставот на клупското раководство. Според шпекулациите, Ал Хилал му понудил 25 милиони евра по сезона на српскиот репрезентативец.

Comments