Search
Фудбалерките убедливо поразени од Унгарија на квалификацискиот меч во Битола
- Aleksandar Santovski
- Apr 15
- 1 min read
14.04.2026 April Vtornik
Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Унгарија од 5-0 во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Унгарките доминираа на средбата во Битола во која уште во првиот дел ја потопија нашата репрезентација. Чањи испорача хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и Савања за 4-0 на паузата.
Овој резултат беше активен се до 88 кога Чики ја комплетираше „петардата“ во нашата мрежа.
Следниот натпревар избраничките на селекторот Александар Андов го играат за четири дена кога повторно се среќаваме со Унгарија.
Натпреварот се игра во Фелчут, а почетокот е закажан за 15 часот.






Comments