Фудбалерките ги завршија квалификациите за СП со пораз од Азербејџан во Битола
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
10.06.2026 Juni Sreda
Најсилната женска фудбалска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство, и тоа со нов претрпен пораз, овојпат од селекцијатат на Азербејџан.
Натпреварот кој денеска се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола понуди четири гола, а интересно е тоа што сите беа постигнати во првото полувреме.
Гостинките од Азербејџан поведоа рано и го отворија резултатот, но Македонија израмни преку Хава Мустафа и најави неизвесен меч.
Сепак, тоа траеше со 28-та минута коа Мољалева го постигна вториот гол за Азербејџан, пред Мирзалиева да погоди за 3:1 десет минути подоцна.
Ова беше втор натпревар во период од неколку дена, па по победата над Андора, циклусот за пласман на Светско првенство го завршуваме со нов пораз и шест освоени бода во групата.






Comments