top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фудбалерите ја почувствуваа „Динамо арена“: Стадионот кој носи незаборавни спомени од 2020. година (

Македонската фудбалска репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Динамо арена“ оваа вечер во Тбилиси, веднаш по одработената прес-конференција од страна на селекторот Благоја Милевски и дефанзивецот Џани Алиоски.

По обраќањето на македонските претставници, дојде ред за излегуавње на тревникот на кој утре ќе се игра натпреварот во Лигата на нации, кој за разлика од оној пред две години, сега ќе биде проследен од 50-тина илјади навивачи.

Грузијците најавија полн стадион за натпреварот со Македонија, кој директно треба да одлучи која од овие селекции ќе заврши прва во групата и ќе се пласира во наредната рунда.

Како што најавија Грузијците, тие имаат нерасчистени сметки со Македонија и бараат максимална поддршка од навивачите за нова победа, додека македонските фудбалери заминаа за Тбилиси со јасен менталитет, повторување на успехот од 2020-та година.

Пред две години на истиот овој стадион обезбедивме историско учество на Европско првенство со победа од 0:1, а сега ќе мора да бркаме победа од неколку гола за да ги анулираме оние 0:3 од Скопје.


5 views

Comentarios


bottom of page