Фудбалерите на Јувентус поделени околу карантинот, Ањели испратил ултиматум
- Aleksandar Santovski
- Oct 13, 2022
- 1 min read
Јувентус се најде во навистина тешка ситуација по поразот од Макаби Хаифа во Лигата на шампионите, па стручниот штаб и раководството го загубија трпението со фудбалерите кои не ги остваруваат посакуваните резулт Навивачите се разочарани не само од поразите, туку и од изостанувањето реакција од страна на нивните миленици и безидејноста на тренерот Алегри, но и последната вест која ја пренесоа медиумите. Дел од играчите на Јувентус не се согласуваат со одлуката на Алегри првиот тим да остане во карантин до градското дерби со Торино, што според фановите е дополнителен знак за несериозниот став на дел од ростерот и немањето чувство за актуелната голема криза во редовите на „бјанконерите“. „Газета дело Спорт“ пак пренесува дека претседателот Андреа Ањели бил лут и засрамен како никогаш од поразот од Макаби и им одржал лекција на сите членови на сениорскиот тим. Првиот човек на Јувентус им порачал на сите кои се вклучени во работата на сениорскиот тим дека ќе бидат под секојдневна евалуација и дека веќе нема да се толерира несериозен однос. Ањели не ја исклучува и одговорноста на Алегри, но тренерот и фудбалерите ќе добијат последна шанса до СП во Катар.






Comments