top of page

Фудбалерите на ДР Конго во карантин поради ебола, па на мегдан против Португалија светско 2026 фудбал

14.06.2026 Juni Nedela

Фудбалерите на Демократска Република Конго ги продолжија подготовките во Хјустон пред нивниот прв натпревар на Светското првенство, на кој ќе се соочат со Португалија во групата К на 17 јуни.

Африканската репрезентација пристигна во Соединетите Држави дури во четврток, откако помина три недели во изолација во Европа поради епидемијата на ебола во нивната земја.

Сепак, играчот од средниот ред Самуел Мутусами нагласува дека карантинот немал никакви последици за тимот.– Подготовките беа многу добри. Не нè попречија на никаков начин. Работевме многу добро во Европа, сè беше во најдобар ред. Одигравме добри и тешки натпревари за да се подготвиме за овој голем меч. Целиот тим се чувствува многу добро и веруваме дека можеме да одиграме квалитетен натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Задоволство ни е што играме ваков натпревар. Добро сме подготвени и ќе одиграме добар натпревар – рече Мутусами.

Тој зборуваше и за временските услови во Тексас.– Имаме многу добри услови. Времето е пријатно, иако малку потопло, но исто беше и кога бевме во Шпанија, па затоа сме подготвени – вели Мутусами.

Португалија се смета за фаворит во групата, но африканскиот тим верува дека може да остави добар впечаток.– Ќе одиме натпревар по натпревар и ќе се обидеме да постигнеме најдобри можни резултати. Секако дека имаме наши цели, но нема да ги откриваме. Сакаме да му покажеме на светот дека сме добар тим и дека можеме да играме на високо ниво – се зборовите на Мутусами.

Пред почетокот на тренингот, тимот на ДР Конго му ја отпеа и песната „Среќен роденден“ на претседателот на земјата Феликс Чисекеди, кој во саботата наполни 63 години.


 
 
 

Comments


bottom of page