top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФУДБАЛ – ФОКУСОТ УШТЕ Е НА ЕП, НО ТРАЕ ПРЕОДНИОТ РОКВо моментов сите се фокусирани кон завршните ме

ФУДБАЛ – ФОКУСОТ УШТЕ Е НА ЕП, НО ТРАЕ ПРЕОДНИОТ РОК

Во моментов сите се фокусирани кон завршните мечеви на фудбалското Европско првенство (ЕП) 2020, но бидејќи новата сезона почнува за околу еден месец, повеќето клубови се зафатени со планирање на летните трансфери. Првиот голем потег летово го направи Манчестер јунајтед, со ангажирањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд за 73 милиони фунти (85,3 милиони евра). Но кои други играчи би менувале клубови? Која ѕвезда од ЕП 2020 ќе замине во Премиер-лигата? Како пандемијата на коронавирусот ќе влијае на работите? На овие и на други прашања се обиде да одговори „Би-би-си“. Процените се дека нема многу потенцијални зделки што летово ќе го надминат трансферот на Санчо. Двајца играчи што би можеле да го достигнат тоа ниво се Англичаните Хари Кејн и Џек Грелиш, за кои е заинтересиран Манчестер сити. Кејн (27) јасно стави до знаење дека сака да го напушти Тотенхем, кој, пак, нема намера да го продава играчот, кој има уште три години од договорот. Астон Вила сака да го задржи Грилиш (25). Ако Кејн и Грилиш заминат во Сити, тоа ќе значи и заминувања од стадионот „Етихад“. Англискиот центархалф Бен Вајт (23) би можел од Брајтон да се пресели во Арсенал, за поголема сума. Вест Хем јасно даде до знаење дека не сака да го продава Деклан Рајс, 22-годишниот играч за врска на Англија, но тоа не значи дека нема да го продаде ако ги добие бараните пари. Лидс е во иста ситуација со својот играч за врска и на Англија, Калвин Филипс (25), пишува „Би-би-си“.

Секое лето, откако повторно пристигна во Манчестер јунајтед во 2016 година, се шпекулира за иднината на Пол Погба (28). Тој ги почна преговорите со Јунајтед за продолжување на договорот, кој му истекува 2022 година. Доколку не потпише, Јунајтед ризикува да не добие обесштетување за него по 12 месеци, или, пак, да се обиде да го продаде за помалку од 89-те милиони фунти (104 милиони евра), колку што плати за него. Во меѓувреме, Јунајтед оствари контакт со Реал Мадрид за одбранбениот играч на Франција, Рафаел Варан (28), кому договорот му истекува следното лето. Лионел Меси (34) се најавува дека ќе остане во Барселона, и покрај тоа што стана слободен играч по истекот на договорот. Има некакви комбинации за враќање на Кристијано Роналдо во Јунајтед, но би чинело многу за Роналдо (36) да замине од Јувентус една година пред завршувањето на договорот, пишува „Би-би-си“. И на ова ЕП има таленти за кои се заинтересирани клубовите. Ако се има предвид фактот колку добро се снајдоа Томас Соучек и Владимир Цоуфал лани во Вест Хем, како и добрите игри на Чешка на ЕП, со пласманот во четврт-финалето, нема да биде изненадување уште неколкумина нивни соиграчи да се најдат во Премиер-лигата, пишува „Би-би-си“.

На напаѓачот Патрик Шик (25) му остануваат уште 12 месеци од петгодишниот договор во Баер, крилото на Белгија, Џереми Доку (19), кој го привлече вниманието на мечот со Италија во четврт-финалето, лани замина од Андерлехт во Рен, со кој има договор до 2025 година. Одличните игри на Италија ќе значат дека многу нови ѕвезди, меѓу кои крилниот бек на Рома, Леонардо Спинацола (28), потоа халфот на Сасуоло, Мануел Локатели (23), и други ќе бидат многу барани, крилниот бек на Холандија и на ПСВ Ајндховен, Дензел Дамфрис (25), беше импресивен во групната фаза и за него се претпоставува дека се заинтересирани Баерн, Евертон, Милан и Интер. Фудбалерот за врска на Португалија, Ренато Санчес (23), минатата сезона со Лил ја освои титулата во Франција и одигра одлично на ЕП 2020, а се поврзува со можен трансфер во Ливерпул и во Арсенал…


2 views

Comments


bottom of page