ФУДБАЛ – ЕП 2024
12.07.2024 Juli Petok
Финалето на фудбалското Европско првенство (ЕП) во Германија ќе биде и меч на кој ќе се решава и освојувачот на наградата „златна копачка“ за најдобриот стрелец на ЕП.
Досега по три гола постигнаа шест фудбалери, но води Шпанецот Дани Олмо, кој има и две асистенции. Од фудбалерите што останаа во игра, тие од финалистите, три гола постигна Англичанецот Хари Кејн (без асистенција), по два имаат Фабиан Руиз од Шпанија (две асистенции) и Џуд Белингем од Англија (нема асистенција), а по еден погодок забележаа седуммина Шпанци и двајца Англичани.
На ЕП 2024 по три гола и една асистенција имаат Гиорги Микаутадзе (Грузија) и Коди Гакпо (Холандија), а по три погодока и без асистенција се Џамал Мусиала (Германија) и Иван Шранц (Словачка). Според информациите, ако двајца или повеќе фудбалери се израмнети според головите и асистенциите тогаш победник е тој што одиграл помалку минути. Н.М.
Comments