Фрлена е „сол врз раната“ на Италијанците, а ниту Србија не е рамнодушна! фудбал
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
03.04.2026 April Petok
По мартовските натпревари од плејофот, познати се сите учесници на Светското првенство во 2026 година, а нам најмногу ни е жал што Македонија по втор пат беше елиминирана во оваа фаза.
Светското првенство официјално започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во групата А, а веќе се анализираат многу работи поврзани со овој собир.
По третпат по ред, четирикратниот светски шампион Италија го пропушта Светското првенство, откако беше елиминирана во финалето од плеј-офот од Босна и Херцеговина. Италија е во тотален хаос, алармите се вклучуваат, а сега ФИФА им додаде сол на раните.
ФИФА направи листа на најскапите репрезентации според пазарната вредност кои не се квалификувале за Светското првенство. На прво место е Италија, која вреди 833,5 милиони евра и е убедливо на првото место, по неа е Данска, која беше елиминирана во плејофот од Чешка. Данците вредат 375 милиони евра.
Во ТОП 3 се наоѓаат нашите соседи, репрезентацијата на Србија, која има пазарна вредност од 298,5 милиони евра и играчки кадар за големи собири, но понекогаш хартијата не е доволна, треба да се покажете и на теренот.
Во ТОП 10 најскапи светски репрезентации кои не се квалификуваа за Светското првенство се и Грција, Украина, Полска, Нигерија, Унгарија, Велс. Од репрезентациите надвор од Европа, само Нигерија е во Toп 10, со вредност од 209 милиони евра.






Comments