top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фрејзер-Прајс постави еден и се доближи до рекорд на Бубка

АТЛЕТИКА – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО САД

Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја освои рекордната петта светска титула во дисциплината 100 метри за жени, победувајќи на Светското првенство (СП) во Јуџин (САД). Во таа трка сите медали ги освоија атлетичарки од Јамајка, Шерика Џексон сребро, Елејн Томпсон-Хера бронза, а Дина Ашер-Смит беше четврта, со израмнет британски рекорд од 10,83 секунди. На 35 години, Фрејзер-Прајс забележа рекорд на СП со време од 10,67 секунди. Таа е првата што освоила пет светски титули во една поединечна тркачка дисциплина. Ова е првпат една земја да ги освои медалите на 100 метри за жени на светско првенство, а доаѓа еден ден откако САД ги комплетираа трите медали во финалето на 100 метри за мажи. Истото трио од Јамајка го постигна подвигот на Летните олимписки игри лани во Токио, тогаш Томпсон-Хера го освои своето второ злато. Петтата светска титула на двократната олимписка шампионка Фрејзер-Прајс доаѓа 13 години по нејзината прва. Таа сега има 10 светски титули, на 100 метри, 200 метри и во штафетата 4х100 метри. Три од нив дојдоа откако таа го роди својот син во 2017 година. – Се чувствувам благословена што го имам овој талент и што продолжувам да го правам тоа на 35 години, имам бебе и се надевам дека ги инспирирам жените дека можат да направат своја приказна. Не можам ни да замислам колку пати сум имала неуспеси и сум се вратила и повторно сум тука – рече Фрејзер-Прајс. Таа стана највозрасната атлетичарка што освоила светска титула на 100 метри во 2019 година, а откако го продолжи тој рекорд три години подоцна во Јуџин, не покажува знаци на запирање. – Секогаш кога сум здрава, ќе се натпреварувам. Гладна сум и секогаш верувам дека можам да трчам побрзо и нема да престанам додека не престанам да верувам во тоа – рече Фрејзер-Прајс. Според некои податоци, од другите атлетичари и атлетичарки, во една дисциплина повеќе титули има само Сергеј Бубка, шест во скок со стап, а по пет, покрај Фрејзер-Прајс, имаат Ларс Ридл во фрлање диск и Павел Фајдек, кој во фрлање кладиво петтата ја освои токму на СП 2023. Рекордер со седум титули е Усаин Болт, во трките на 100 м и на 200 м (има и четири светски титули во штафетата 4х100 м). По шест (со настапи во две дисциплини) имаат Мо Фара (пет и 10 км), Мајкл Џонсон (200 м и 400 м) и Фрејзер-Прајс (100 м и 200 м).

НАЈМНОГУ СВЕТСКИ ТИТУЛИ ВО ИНДИВИДУАЛНИ ТРКИ

СПОРТИСТ ТИТУЛИ ДИСЦИПЛИНИ Усаин Болт 7 100 и 200 м Мо Фара 6 5 и 10 км Сергеј Бубка 6 скок со стап Мајкл Џонсон 6 200 и 400 м Ш.Е. Фрејзер-Прајс 6 100 и 200 м

НАЈМНОГУ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ НА СП ВО ЕДНА ДИСЦИПЛИНА Сергеј Бубка 6 скок со стап Ларс Ридл 5 фрлање диск Павел Фајдек 5 фрлање кладиво Ш.Е. Фрејзер-Прајс 5 100 м


0 views

Comments


bottom of page