top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Француски тинејџер го препоти Ѓоковиќ во Бања Лука

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата ја мина првата пречка на АТП турнирот од серијата 250 што се одржува во Бања Лука.

Ѓоковиќ беше апсолутен фаворит во осминафиналната пресметка со Лук Ван Аш, но мораше добро да се испоти да дојде до победа и тоа дури по три сета. Тинејџерот од Франција покажа карактер, знаење и првиот сет го доби со 7-6 и тоа откако во тај-брејкот беше подобар со 7-4.

Претходно Аш спаси три меч топки во 12 гејм што беше најава за неговото водство во „пенал серијата“.

Потоа работите си дојдоа на свое место, Новак заигра на повисоко ниво и со 6-3 и 6-2 дојде до пресврт, славје кое му донесе четвртфинале во кое за ривал ќе го има подбриот од мечот Лајовиќ-Барер.


0 views

ความคิดเห็น


bottom of page